Ова е „најстарото“ куче во светот: Кученце старо 18,000 години e пронајдено замрзнато во мраз
Истражувачите во Шведска споделија неверојатни фотографии од античкото куче, откако го пронајдоа во сибирскиот мраз минатата година. Откако го проучувале, тие не се сигурни дали „неверојатно добро сочуваното“ суштество (со целосен пакет заби) е куче или волк – можеби затоа што доаѓа од моментот кога кучињата биле припитомени.
Лав Дален (44) и неговиот колега Дејв Стантон (34) веруваат дека тоа би можело да биде најстарото пронајдено и потврдено куче. Ако е вистина, може да биде непроценливо да научиме за тоа кога волците биле припитомени. Руските колеги на истражувачите го нарекоа машкото суштество „Догор“, израз за „куче или волк“.
Иако е старо над 18.000 години кучето е толку добро сочувано што изгледа како да починало неодамна. Примерокот е пронајден во оддалечен дел од северо-источен Сибир неколку часа од најблискиот град Белаја Гора и останува во Русија додека Дален и Стантон ги проучуваат ребрата во Шведска.
Според Стантон, кучето било толку добро сочувано затоа што било откриено во тунел ископан во пермафрост. За истражувачите, возбудливо е дека тие би можеле да придонесат за нешто што долго време беше доста голема дебата на теренот.