Ова е најубавата плажа во Австралија, во конкуренција на 11.000 други плажи, а се вика Мизерна плажа заради своето ужасно минато

Мизерната плажа се наоѓа на јужниот брег на Западна Австралија, на околу пет часа возење од Перт. Долга е само 200 метри, а наликува на мало парче рај, со бел песок, тиркизна вода и фантастични места за нуркање.

Но, местото има ужасно минато, бидејќи живописната плажа била облеана во крв пред 44 години од блиската станица за ловење китови каде што биле убивани китовите и делфините.

Станицата за китови е затворена во 1978 година и плажата сега е безбедно засолниште за морскиот живот.