Ова е најубавиот маж за 2021 година. Се согласувате ли?
Ова е Паинг Тахон – 25-годишен актер, пејач, модел и политички затвореник од Мјанмар. Изборот беше направен од страна на познат светски онлајн магазин, со што уредниците повикаа да се ослободи лепотанот од затвор во кој се наоѓа од април минатата година.
Актерот е осуден на три години затвор и тешка работа поради учество во масовни протести против воената хунта во Мјанмар.
Поради наводно местење избори, генералот Мин Аунг Хлајн со своите војници ја распушти владата, го уапси претседателот и воспостави таканаречена Народна власт. Наскоро започнаа протести против оваа народна власт, на кои учествуваше и нашиот убавец.