„Ова е прашање на биоопасност“: Летот на „Делта“, од Атланта до Барселона, бил принуден да се врати назад, откако патник претрпел ужасен напад на дијареа кој се разлеал низ цел авион
Летот „DL194“ веќе полетал од Џорџија според распоредот во 20:47 часот, во петок на 1 септември и беше набргу вратен назад.

Во текстуална порака испратена до Контролата на летање, капетанот бил концизен во објаснувањето на проблемот: „Пренасочување кон ATL – патничка дијареа низ целиот авион – биоопасност“. Аудио снимките од контролата на летање откриваат и еден од пилотите кој преку радио ја потврдува ситуацијата.
„Тоа е проблем со биоопасност, имавме патник кој имаше дијареа низ авионот, па тие сакаат да се вратиме во Атланта“.
Ситуацијата била вознемирувачка и за патниците и за членовите на екипажот. Некои дури и ја споделија ситуацијата на социјалните мрежи.
„Мојот партнер беше на тој лет! Било прилично лошо. Хаос по патеката, мирисало ужасно. Летот го пречекаа возила за итни случаи и ЕМТ и го пренесоа болниот патник од авионот. Мојот партнер рече дека авионот бил почист кога се вратиле во 2 часот по полноќ од првиот пат кога се качиле. Нема ниту мирис“.
За среќа на патниците, летот не бил целосно откажан.

Авионот се вратил во Атланта во 22:40 часот и на крајот го продолжил своето патување за Шпанија нешто повеќе од пет часа подоцна, во 3 часот наутро. По лет од 8 часа и 13 минути, авионот конечно слетал во Барселона во 17:10 часот – осум часа подоцна од предвиденото.
Додека „Делта“ призна дека летот наишол на неочекуван медицински настан, авиокомпанијата остана цврсто затворена за спецификите.
„Нашите тимови работеа што е можно побрзо и безбедно за темелно да го исчистат авионот и да ги доведат нашите клиенти до нивната крајна дестинација. Искрено им се извинуваме на нашите клиенти за доцнењето и непријатностите во нивните планови за патување“, напишаа во соопштението на авиокомпанијата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно