Ова е приказната за „најнаместените“ избори во историјата, кои не би можеле да измамат ниту дете

За многумина од нас кои имаат доволно среќа да живеат во демократија, процесот на гласање стана дел од неколкугодишниот циклус што сите го доживуваме. Демократскиот процес е усовршен во текот на историјата за да се донесе она што многумина би го класифицирале како најправедна одлука што може да ја постигне населението на една нација со броење на одлуката на секој човек. Барем нели така е дефиницијата, реалноста може да е „малку“ поинаква.

Како и секогаш, ништо не е совршено, а изборната измама и фалсификувањето на гласовите може да се видат во земјите каде што демократијата е нешто повеќе од шарада за стекнување на легитимитетот на нејзината влада во очите на својот народ. Ова обично се прави суптилно за да не се подигне сомнеж, но понекогаш оваа измама е направена во таков обем што дури и оние кои се заслепени од престижот на нивната земја може да почнат да поставуваат прашања. Таква била ситуацијата во 1927 година во Либерија.

Пред очите на Америка

Либерија започна како американска колонија населена од Американското здружение за колонизација (ACS) на 7 јануари 1822 година. Населбата првично беше создадена за ослободените американски робови бидејќи се сметаше дека тие имаат подобри шанси за слобода во Африка, наместо во Америка. Колонијата ја прогласи својата независност во 1847 година, иако не беше официјално признаена како независна од Соединетите држави се додека Конфедерацијата не се одвои од САД.

По американската граѓанска војна, Либерија ќе продолжи да има блиски врски со САД како што се гледа во Првата светска војна, каде што објави војна против Германија само 5 месеци по САД. Земјата, исто така, ќе продолжи да биде една од основачките членки на Лигата на народите, претходник на Обединетите нации создадени по Првата светска војна со цел да се спречи нова војна да се случи во Европа.

Повоена демократија

Девет години по Големата војна, Либерија требаше да има избори. Актуелниот претседател на True Whig партија, беше Чарлс Д.Б Кинг, кој веќе имаше два мандата на чело на земјата до 1927 година. Кинг се соочи со Томас Џеј Фокнер кој ја претставуваше Народната партија на изборите.

Во 1927 година имало само 15.000 регистрирани гласачи во Либерија, што значи дека секој глас вреди многу повеќе. Можеме да заклучиме од конечните бројки на гласањето дека Кинг сфатил дека нема поддршка за легално да победи на изборите. Гледајќи го последното гласање, може да се види дека 9.000 луѓе гласале за неговата опозиција, Томас Фокнер.

По пребројувањето, Кинг и неговата партија добија 243.000 гласови, вредност повеќе од 15 пати поголема од бројот на регистрирани гласачи во цела Либерија. Поради големината на местењето на овие избори, настанот ја доби наградата на Гинисовата книга на рекорди за „Најнаместените избори“ што некогаш биле пријавени во историјата.

Подарок од нашите предци

Настаните како овие избори ни покажуваат дека луѓето ќе направат се за власт, без разлика колку е глупава идејата. Сè уште живееме во свет каде што изборите се под влијание на начини кои многумина би можеле да ги опишат како недемократски.