Ова е веќе 17-та смрт за оваа година: Уште еден грбав кит е исфрлен на брегот на Лонг Ајленд

Уште еден грбав кит беше исфрлен на брегот во Лонг Ајленд во петокот. Ова е веќе 17-ти пат оваа година. Китот, долг 18 до 20 стапки односно 5,5 до 6,1 м, го пронашле случајни минувачи. Причината за смртта на грбавиот кит не е веднаш утврдена, но ќе ја утврди Атлантското здружение за заштита на морето. Екипи пристигнаа на плажата за да го извадат трупот со булдожер.

Според Националната управа за океани и атмосфера, ова е 17-та смрт на грбав кит меѓу Мејн и Флорида оваа година, што агенцијата го нарече „невообичаена смрт“.

Седум грбави китови беа исфрлени на брегот во Њу Џерси и три во Њујорк.

Најмалку 36 „големи“ китови, вклучително и четири китови минке во февруари, се исфрлени на брегот долж источниот брег од 1 декември, според NOAA.

Алармантниот наплив на китови на плажа предизвика жестока дебата меѓу политичарите и активистичките групи, некои од нив ја обвинуваат изградбата на морските турбини на ветер за загуба на животи.

Голем процент од смртните случаи на китови се припишуваат на човечки интеракции како што се судири со бродови.

Грбавиот кит пронајден во петокот не покажал надворешни знаци на повреда од судир со брод, како што е расекотина, изјави регионалниот директор на Њујоршкиот државен парк Џорџ „Чип“ Гордон.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *