Ова е во Македонија, навистина! Би ја посетиле ли?
Како што често сакаме да си кажеме „Една е Македонија“, но иако ова сѐ уште важи во буквална смисла на зборот не е баш така. На „другата страна од светот“ постои уште една Македонија, сепак не станува збор за држава, туку за град. Македонија е мал град сместен во североисточниот дел од државата Охајо, САД. Во градот живеат скоро 12.000 жители, но, не се знае дали меѓу нив има Македонци.
Името на градот се смета дека потекнува од една мала анегдота помеѓу студентите по богословие на колеџот „Вестерн резерв“, кој на почетокот на XIX век се наоѓал во Хадсон, Охајо. Студентите, кои биле повикани да одржат проповед во едно мало место на 10 км на север, каде се потсетиле на главата 16 од библиските Дела на светите апостоли: „…По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.“ Благодарение на ова местото подоцна било наречено Македонија. Моментално градоначалник на Македонија е Николас Молнар. Еве погледнете како изгледа ова интересно гратче, кое е поврзано со нас единствено по своето име:
Локација на градот Македонија на мапата
Градоначалник на Македонија, Николас Молнар