Ова куче секој ден доаѓа на исто место за да им помогне на децата од градинката безбедно да ја преминат улицата

Животните можат да нè изненадат на различни начини. Денес ќе ве запознаеме со еден неодолив пес, кој најверојатно во својот минат живот го регулирал сообраќајот.

Запознајте го кучето Купата од Грузија кој стана локална позната личност помагајќи им на децата безбедно да ја преминат улицата.

Кучето го прави ова секој ден: Кога група на мали деца од градинката чекаат автомобилите да поминат за да можат безбедно да ја преминат улицата Купала се вмешува и го запира сообраќајот за да можат децата да поминат безбедно. СЕКОЈ ДЕН! Жителите велат дека тој се нервира кога автомобилите не застануваат и често ги чека децата и по еден час за да се вратат од паркот за да можат повторно безбедно да ја преминат улицата.

Никој не знае зошто Купата ја прифатил оваа работа, но ова улично куче ги освојува срцата на сите. Можеби неговата волонтерска работа е начин да изрази благодарност до заедницата која се грижи за него и го храни. Како и да е ова е навистина неодоливо!