Ова ли е таа татковска дисциплина? Био хакерот Брајан Џонсон го тера својот син да не јаде подоцна од пладне и да станува во 5 наутро, за да биде како него

Брајан Џонсон, познатиот био-хакер, ја сподели заедничката рутина за исхрана и вежбање со својот син Талмаџ, со цел забавување на стареењето. Планот, кој предизвика поделени реакции, вклучува будење во 5 часот наутро, легнување во 20:30 часот и последен оброк на пладне. Тие се придржуваат до веганска диета од 2.000 калории, избегнувајќи храна како пица и бургери.

 

 

Многумина сметаат дека овој режим е премногу строг за 18-годишен тинејџер. Претходно, Џонсон беше критикуван за користење крв од својот син за да го подмлади телото. Дополнително, тој следи бројни необични методи, како мерење ноќни ерекции, што го смета за маркер за сексуално здравје.

 

 

Во објава на социјалните мрежи, Џонсон ја опиша рутината како „изградба на семејна култура на здравје и напорна работа“. Објавата беше придружена со видео на кое двајцата вежбаат.

Реакциите беа поделени – некои ја поздравија дисциплината и вредностите кои ги пренесува на својот син, додека други ја критикуваа строгата структура на дневниот план. Некој дури коментираше дека распоредот личи на „затворска рутина“.

 

 

Брајан Џонсон троши два милиони долари годишно на терапии и суплементи. Тестирањата покажуваат дека успеал да ја намали својата биолошка возраст за пет години. Неговиот син, кој ќе започне колеџ во Чикаго, планира да продолжи со рутината и да ги комбинира обврските со нови пријателства.

Џонсон неодамна ја промовираше својата нова серија на „Нетфликс“ насловена „Не умирај: Човекот кој сака да живее засекогаш“.

  • Васе напиша:

    ОН НА НЕГО…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *