Ова мистериозно ковчеже и неговата содржина ќе се продаваат за минимум 3.000 евра! Дали знаете за што служело?

Секакви работи можат да се најдат на аукција, но понекогаш се толку необични и бизарни што не можеме да погодиме за што служат. А кога ќе сфатиме, не ни е јасно како такво нешто може да чини толку многу пари. На пример токму такво е ова ковчеже кое ќе биде изложено на аукција во Англија. Неговата вредност се проценува на најмалку 3.000 евра. Но, сепак не станува за ковчеже со богатство, неговата намена била многу поморничава.

Постојат многу емисии и филмови за вампири – тие се прилично популарни митски суштества. Многу легенди се раскажуваат за нив со векови. Иако ни се интересни ние денес знаеме дека вампирите не постојат, но кажете им го тоа на луѓето од минатото…

Луѓето некогаш сериозно верувале дека вампирите постојат и за тоа имале и професионални ловци на вампири. Работата на овие луѓе била сериозно сфаќана и тие имале и соодветна опрема за својата професија. Токму тоа и претставува ковчежето на аукцијата. Опрема на ловец на вампири од 19-тиот век!

Самиот комплет има многу готски изглед. Поставен е со црвена свила, украсен со католички слики и крстови. Внатре можете да ги најдете сите видови на корисни работи за лов на вампири како мал пиштол, три распетија, копија од Новиот завет, Кембриџ: Паркер, 1842 година, бројаница, сребрен нож и три тегли, од кои едната е исполнета со заби од ајкула. Религиските икони се вели дека ги одвраќаат злобните суштества и духовите, па затоа не е изненадување што комплетот е исполнет со нив.

Сегашниот сопственик на кутијата им рекол на Хансонс Аукционерите дека ја купил кутијата, поради нејзините стилски карактеристики и смета дека е одлична причина за започнување разговори.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.