Ова неодоливо бебенце родено со долга црна коса го споредуваат со Могли

„Опремен“ со густа црна коса, малиот Оскар Џоунс изгледа исто како Могли. Косата на Оскар била забележана уште пред неговата мајка да го донесе на светот, од страна на лекарите за време на ехото. Тие утврдиле дека Оскар имал 1см коса додека сѐ уште бил во матката.

Меѓутоа кога се родил неговите родители биле шокирани кога виделе дека нивното бебе има густа црна коса од 5 сантиметри. Кога Оскар имал само 8 недели, неговите родители, Сара и Џошуа, морале да го однесат на фризер затоа што косата му растела многу брзо.

Оскар сега веќе има 20 недели и Сара вели дека кога и да излезат на прошетка бебето има многу обожаватели и сите го споредуваат со Могли од познатата детска книга.

„Навистина не можевме да веруваме колку коса имаше кога се роди! Тоа не е нешто што многу често го гледате! Неговата коса беше, и е, многу густа и многу црна. Иако неговиот татко и јас имаме темно кафеава коса. Мислам дека Оскар е свесен дека има толку многу коса. Кога ќе го легнеме, тој ќе ги стави рацете над главата и ќе си поигра со неа. Но, почнува да плаче кога ќе си ги заплетка прстите.“, објаснува Сара.

Косата на Оскар сега достигна 12 см иако редовно оди на фризер. Сара исто така се борела со дијабетес за време на бременоста и е повеќе од среќна што на крајот сѐ излегло во најдобар ред.