Ова „рипче“ се продаде за рекордни 1,8 милиони долари, а еве и зошто

Секој од нас во еден момент седнал и размислил на што би потрошил еден милион доколку би го имал. Но, доколку и утре во рацете ни падне ваква неверојатна сума на пари, не веруваме дека некој од нас би ги потрошил за да си купи рипка. Сепак некој е спремен да го направи ова. Поточно жена од Тајван по име Мис Јингинг, која жестоко наддавала и дома си однела риба вредна 1,8 милиони долари.

Станува збор за јапонски крап по име С Легенд. Жената го купила женскиот крап од скоро 1 метар на Рибната фарма Саки во Хирошима, од познатиот одгледувач Кентаро Сакаи. Рибата имала девет години за време на купувањето и била победник на престижното шоу All Japan Koi од претходната година. Госпоѓицата Јингинг ја купила со намера уште еднаш да влезе во конкуренција, со големи надежи за втора победа.

С Легенд е првата риба која на овој натпревар победила два пати. Слично како кучињата кои се одгледуваат за одредени особини, Кои рибите се избираат и се одгледуваат според нивните физички атрибути и најдобрите Кои се смета дека имаат „добра рамнотежа на бои и дезени“.

Еден јапонски крап/Кои може да донесе стотици илјади рипчиња со едно размножување. Одгледувачот може да започне со милиони рипчиња пред да почне да им прави селекција, како што растат.

На пример, одгледувачите може да намалат три милиони бебиња на само 15.000 во првата година, пред да изберат 1.000 од „најдобрите“ за одгледување во втората година.