Ова се 10-те највисоки жени на светот

Иако секоја девојка сонува да биде висока, сепак во реалноста, животот на девојка повисока од 185 см е почесто полн со потсмев и навредливи прекари отколку со восхитувачки погледи и комплименти. Уште потешко им е на учесничките на нашата листа на 10 највисоки жени во светот.

10. Гамова Екатерина – 202 см
Руска одбојкарка

9. Рита Минива Беса – 203 см
Американска кошаркарка

8. Елизабет Камбаџ – 203 см
Австралиска кошаркарка со британско потекло

7. Линдзи Тејлор – 203 см
Поранешна американска кошаркарка

6. Керолин Велц – 205 см
Највисоката жена во Германија, која се занимава со манекенство.

5. Екатерина Лисина – 205,7 см
Највисоката жена во Русија професионално се занимава со кошарка.

4. Елисани да Круз Силва – 207 см
Највисоката Бразилка со 1,7 следбеници на ТикТок

3. Улјана Семенова – 210 см
Литванска кошаркарка, една од најдобрите кошаркарки во поранешниот СССР со прекар „Гуливер во сукња“.

2. Гитика Шривастава – 211 см
Индиска кошаркарка

1. Румеиса Гелги – 215,16 см
Највисоката жена на светот денес е Румеиса Гелги (215,16 см). Румеиса толку пораснала поради ретка состојба наречена Виверов синдром, која, меѓу другото, предизвикува забрзан раст. 24-годишна девојка најчесто користи инвалидска количка, но може да оди ако користи помагало.
Во 2021 година, Гелги влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисока жена во светот.
„Секој недостаток може да се претвори во предност за себе, затоа прифатете се такви какви што сте, бидете свесни за вашиот потенцијал и дадете се од себе“, рече таа.

Највисоката жена во историјата – Зенг Џинлиан (246,3 см)
Титулата за највисока жена која некогаш живеела на светот и припаѓа на Зенг Џинлиан од Кина (почина во 1982 година).