Ова се 10-те вицови кои најмногу ве насмеаја во 2019 година

Ако некој сте пропуштиле, ова ви е шанса да фатите чекор ;). Во 2020 продолжуваме со нови вицови секој ден!

10.

Англичанец, Французин и Македонец на остров со канибали

Англичанец, Французин и Македонец после бродолом испливале до еден остров со канибали. Пред да ги јадат ги однеле кај главатарот и овој им рекол:
– Кој ќе ми каже нешто во што нема да можам да поверувам, ќе го пуштиме.
Англичанецот:
– Британија сака а не може да излезе од ЕУ.
– Ставајте го во манџата да се вари!
Французинот:
– Жена му на Макрон е 25 години постара од него.
– Ставајте го во манџата да се вари!
На крај Македонецот вели:
– Најјакиот мафијаш во Македонија се облекува како женско и пее песни од Лепа Брена.
– Ха, ха, ха, слободен си.


9.

Вработен во банка оди на стоматолог

Кредитен советник во банка силно го заболува заб на работа. Остава сѐ и брзо оди кај својот матичен стоматолог. Стоматологот веднаш му дава појака опојка и кредитниот советник заспива.
После некое време се буди и со ужас констатира дека му фалат 2 заба, лева рака, десна нога и едното око. Тој почнува панично да вика:
– Што си направил со мене бе?
Докторот смирено:
– Како што, па вие нели потпишавте договор за процедурата?
– Да, потпишав.
– А го прочитавте ли текстот на дното со ситните букви?
– Но јас дојдов кај вас за да ми помогнете. Не очекував дека ќе ме измамите!
– И јас не очекував дека ќе ме измамите кога дојдов кај вас да земам кредит!


8.

На психијатар во Македонија

Човек оди на психијатар. Лекарот му покажува на пациентот лист со дамка од мастило:
– Што гледате тука?
– Па… гледам тажен, осамен човек, изнемоштен од комуникацијата со идиоти, од досадната и нископлатена работа и од смрдливиот, неправеден живот…
Психијатарот бришејќи си ги солзите:
– А на сликата?


7.

Кочански мафијаши прават сообраќајка во Англија

Сообраќајка во Англиja. Ровер удира македонско BMW Х5. Од BMW-то излегуваат двајца кочански мафијаши, го вадат возачот надвор, испаѓа дека и овој е Македонец, но и покрај тоа почнуваат да го тепаат.
Тој вика на цел глас:
– Дечки престанете! Во Англија сме!
Без да му обрнуваат внимание, продолжуваат да го тепаат.
Човекот пак вика
– Дечкииии! Во Англија сме, алооо!!!
– Ич к*ро не не боле шо сме у Англија бе!
И продолжуваат да го тепаат.
Тогаш со последните сили човекот им вели:
– Во Англија сме бе идиоти, возачот е од другата страна…


6.

Македонецот кој живеел луксузно со 300 евра плата

Детето го прашува татко си:
– Тато нешто не ми е јасно, Комшијата од лево зема 25.000 плата и одвај сврзува крај со крај. Тој од десно зема 20.000 и јаде леб и сол. Ти земаш 18.000 а дома имаме сѐ – виски, пршута итн.
– Многу е просто сине, јас имам магично стапче и кога ќе мафнам со него, добивам пари.
Следниот ден детето вели:
– Абе тато, цела ноќ мафтам со стапчето и ништо не се случува?
– А ги кажа ли волшебните зборови? – Прашува таткото.
– Да да, „Абракадабра“, нели?
– Не бе сине! „Возачката и сообраќајната за проверка!“


5.

Непристојниот предлог на комшивката

Седам на клупата пред зградата и си пијам пивце. Гледам прејаката комшивка што живее карши мене се појавува од зад аголот. Девојката е авион! Кога ме забележа оптегнат на клупата, тргна право кон мене и со преголема и шармантна насмевка ми вели:
– Еј, здраво комшо, како си? Се враќам од работа, петок попладне е и така ми дојде преку глава од сѐ, што си викам морам вечер да се испукам. Таква желба за забава ми дојде… Ѕверска! Вечерва сакам да се натрескам и да се забавувам лудо. Ти имаш ли нешто планирано?
По на брзина преживеаниот микро-инфаркт си дојдов малку на себе и со најсериозен, но заводлив поглед, и одговорам:
– Не, ништо немам планирано. Вечерва сум слободен како Мел Гибсон во „Храбро срце“!
Не ми е јасно како е можно, но насмевката ѝ стана уште поширока и помагична, од што мене, искрено да ви кажам, ми се дигна… Ме погледна право во очите и ми вели:
– Ејјј, СУПЕР! А дали ќе може да ми го причуваш кучето вечерва?


4.

Мажу готово е, те напуштам!

Се вратила жената дома и решила да се пошегува со својот маж. Му ја напишала следната белешка:
„Јове, готово е! Преку глава ми е од се! Не можам да издржам повеќе! Те напуштам!“
Ја оставила белешката на масата, се скрила зад креветот и чекала.
Се враќа сопругот од работа, ја чита белешката и веднаш го зема телефонот и се јавува некаде:
– Душо, конечно ја напуштив оваа мојата вештерка, требаше да го направам ова уште пред пет години, кога те сретнав. Сега сум само твој, за 10 минути сум кај тебе…
Ја зел белешката, допишал нешто и брзо излегол надвор. Жена му, вознемирена од последиците на нејзината шега, излегла од зад креветот и одвај задржувајќи ги солзите го прочитала напишаното:
„Ти се гледа ногата. Отидов по леб.“


3.

Девојката што затруднела од попот

Отишла една девојка кај попот да се исповеда:
– Попе трудна сум.
– Од кого е чедо мое?
– Добро знаеш ти од кого е! Од тебе! Кажувај што да правам сега?
– Не се секирај чедо, ќе ја решиме работата. Ќе отидеш кај другарот твој Стојан, тој е мирен, се гледа дека те сака. Ќе му речеш да излезете и за 2-3 месеци ќе се омажиш за него. Другото ќе го средам јас.
Го послушала девојката попот, му го свртела умот на Стојан и направиле свадба. Арно ама по 3 месеци се родило бебето. Стојан вознемирен отишол кај попот да се исповеда и да побара совет.
– Попе, со жена ми се зедовме пред 3 месеци, а таа веќе роди дете. Јас знам дека за тоа требаат 9 месеци.
– Ти чедо со неа 3 месеци ли живееше?
– Да.
– Таа со тебе 3 месеци ли живееше?
– Да.
– А вие двајцата заедно, 3 месеци ли живеевте?
– Да.
– Е па колку се 3 пати по 3? Нели се 9?
– Да.
– Ајде сега оди си кај женичката и да си бидеш мирен.


2.

Стјуардеса, геј и војник на пуст остров

После авионска несреќа на пуст остров преживуваат само стјуардеса, геј и војник.
Стјуардесата се прикрадува до војникот и му шепнува на увото:
– Ајде да го убиеме овој обратниот и да си водиме нормален се*суален живот!
По некое време гејот се прикрадува до војникот и му шепоти:
– Ајде да ја убиеме оваа ку*вата и да си водиме со тебе нормален се*суален живот!
Војникот се замислува, ја зема пушката, ги застрелува двајцата и останува да си води нормален се*суален живот!


1.

Љубовен совет од пријателот црнец

На еден маж жена му не му обрнувала никакво внимание, не сакала веќе ни да си легнуваат заедно. Тој бил се потажен и потажен од ден на ден, но се сетил дека има еден познат црнец, многу успешен со жените и го прашал за совет.
Црнецот му рекол:
– Тивко ќе ѝ пријдеш, ќе ѝ го подушкаш вратот, нежно ќе поминеш со ракатаа по грбот, ќе ја бакнеш…
Нашиот си дошол дома, пополека се приближил до жената, ја душнал по вратот и таман ја допрел со раката по грбот таа нагло се свртела и извикала:
– Мавни ми се од тука бе, со тие црнечки финти!