Ова се 20-те земји кои ја суспендираа вакцината АстраЗенека, а еве кои се причините зошто го направија тоа

Португалија и Шпанија се приклучија на 18 европски земји во суспендирање на употребата на вакцините АстраЗенека поради стравувања дека предизвикува згрутчување на крвта. Тринаесет европски земји сега целосно ја прекинаа употребата на дозите од вакцината додека други пет имаат специфични серии на црната листа и покрај уверувањата од Велика Британија, СЗО и производителите дека вакцината е безбедна.

Португалија и Шпанија се последните земји што престанаа да ја користат вакцината, следејќи ги стапките на Франција, Италија и Германија. Ирска, Холандија, Данска, Норвешка, Исланд, Луксембург, Словенија и Бугарија се другите европски земји кои ја суспендираа вакцината АстраЗенека. Во меѓувреме, Австрија, Литванија, Летонија, Естонија и Романија ја запреа употребата на една серија од вакцината.

И надвор од Европа, Индонезија, Тајланд, Венецуела и Демократска Република Конго сите паузираа или го откажаа почетокот на нивните програми АстраЗенека. Италијанските обвинители во понеделникот исто така започнаа истрага за убиство откако учител по музичко починал еден ден откако ја примил вакцината.

Додека бараат помош од Русија земјите од Европа ја отфрлаат АстраЗенека произведена во Британија. Русија постигна договори со фабриките во Италија, Шпанија, Франција и Германија за правење на вакцините Спутник.