Ова се „Кинеските Хаваи“, рајското место каде што цели 300 дена нема ниту еден пријавен случај на инфекција од корона

Во последниве години, тропското приморско одморалиште Сања стана популарна туристичка дестинација за кинеските патници. Иако островот е насочен кон домашниот пазар и е далеку за обичните туристи, но оваа година, многу странци кои живеат во Кина, соочени со тешкотиите да патуваат во други земји, го избраа таканаречените „Кинеските Хаваи“.

Бројот на туристи кои го посетиле островот во последните два месеци е зголемен за 30% и бројот на туристи се очекува да се зголеми за време на претстојните новогодишни празници.

Властите на островот уверуваат дека на островот нема коронавирус повеќе од 300 дена и дека се преземени дополнителни превентивни мерки за да се избегнат нови инфекции.