Ова се случува кога на аеродром ќе ви го најдат алкохолот, а вие не сакате да го фрлите

Бесплатн кикирики несомнено би биле соодветна закуска за голем број патници во авионот, особено откако група жени почнале да делат алкохол пред летот.

Сигурни сме дека многумина од нас се запознаени со макотрпниот процес на проверка на багажот пред да се качите во авион, особено со ограничувањата на авиокомпаниите кои бараат шишињата да бидат со капацитет помал од 100 ml.

Иако би имале добри шанси да се извлечете со земање неколку минијатурни шишиња алкохол во авион, за жал, истото не може да се каже и за шишињата од еден литар.

[webp-to-jpg output image]

Една група жени го дознаа ова на потешкиот начин, додека патуваа кон Мајами.

Групата првично не планирала да ги земе шишињата во рачнот багаж, но заборавиле да ги спакуваат навреме и биле принудени да поминат покрај обезбедувањето.

Наместо да го фрлат алкохолот, жените решиле си наточат по некоја чашка пред да се упатат кон портата. Не сакајќи другите да ја пропуштат забавата, тие почнале да им нудат рум и на луѓето околу нив.

На видеото една од жените може да се види како им подава шише Малибу на другите во редот зад неа, објаснувајќи ја ситуацијата.