Ова семејство стана „комплетно“, откако го добија своето 15-то бебе, а еве и зошто

Паровите и семејството околу нив најчесто велат пред да се дознае полот на бебето „не е важно дали е машко или женско, важно е да е живо и здраво“, колку и оваа изрека да е точна сепак некои семејства посакуваат дете од друг пол откако ќе им се родат неколку од истиот.

Таков пример е и ова семејство од Мичиген кое има 14 момчиња и сега конечно им се роди и девојче. Катери и Џеј Швант го пречекаа своето бебе Меги Џејн. Таа е прва сестра на браќата Тајлер, Зак, Дру, Брендон, Томи, Вини, Калван, Гејб, Весли, Чарли, Лук, Такер, Франциско и Финли.

Необичното семејство Швант е предмет на ТВ-шоу кое ги следи нивните авантури во активности на отворено, како што се лов, риболов и кампување. Меги тежела 3,4 килограми кога се родила и нејзините родители се пресреќни: „Пресреќни сме и возбудени да ја додадеме Меги Џејн во нашето семејство. Оваа година беше незаборавна на многу начини, од толку многу причини, но Меги е најголемиот подарок што некогаш сме можеле да го замислиме.“, вели Џеј.

45-годишните Катери и Џеј се запознале како тинејџери, а се венчале во 1993 година, тие веќе имале 3 сина додека да завршат колеџ.