Ова „торнадо“ е всушност рој од комарци

Комарците се доволно вознемирувачки сами по себе, но кога ги има во група од милиони во една џиновска „кула“ вие сте добиле научно-фантастичен филм за катастрофа.

За жал  за луѓето во Буенос Аирес, Аргентина., поимот комарец-торнадо или „mosqnado“, не е измислен. Всушност, еден возач фатил снимка од ужасната сцена додека се одвивала пред нивните очи, покажувајќи огромен облак од инсекти како формира темна кула на небото.

Лицето што стои зад камерата вози по рутата 74, што го поврзува Партидо на генерал Мадаријага со крајбрежниот град Пинамар во аргентинската провинција Буенос Аирес, кога ја забележува застрашувачката формација на далечина.

Снимката беше споделена на интернет, каде што стана широко распространета додека гледачите го изразија својот шок и ужас од ситуацијата.

Бизарниот феномен се случил поради инвазија на комарци кои го поплавиле регионот на Буенос Аирес по обилниот дожд.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!