Ова училиште ги руши родовите стереотипи и ги учи девојчињата како да сменат гума на автомобил и „животни вештини“

Додека скоро сите училишта на светот се фокусираат да ги научат децата сè што треба да знаат за математика, литература, наука, физичко образование и сè што е помеѓу, некои тврдат дека нема доволно фокус на „животни вештини“, како што е користењето на одредени алатки, поправање на мијалникот поставување полица и што уште не.

Денес, ваквите лекции можат многу лесно да се научат на YouTube и другите видео платформи. Но, едно училиште одлучи да го стори токму тоа. Односно ги учи девојките на работи кои некои сметаат дека „не се за жени“, како основно одржување на автомобил, промена на гума и слично.

Средното училиште Стела Марис во Сиднеј, Австралија неодамна сподели објава со наслов „Основни животни вештини“ каде што разработи некои лекции кои им ги даваат на повозрасните ученици. Девојките имале часови спрооведени од страна на друго средно училиште кое е наменето за автомеханичари и други слични професии.

Во часовите било вклучено како да се смени гума, како да се провери притисокот на гумите, како да се провери нивото на маслото и течноста за ладење, што да се прави во сообраќајна несреќа и многу други работи. Ова било направено со надеж за поттикнување на независноста, силата и снаодливоста кај младите жени.