Оваа 103-годишна баба имала една голема желба во животот и конечно реши да си ја оствари

Седењето на затворено со месеци, без оглед дали е поради своја или туѓа безбедност, параноја или пак болест може да му даде на човек нова перспектива кон животот. 2020 година полека но сигурно поминува. Уште една година изгубена во етерот, уште 12 месеци без да постигнете нешто за што сте сонувале.

Дороти Полак го помина својот голем ден, на 16 јуни, во старечки дом во Мускегон, Мичиген. Во текот на изминатите неколку месеци, тоа е местото каде што го поминува целото време заради коронавирусот. Државата видела повеќе од 96.000 потврдени случаи на коронавирус и 6.520 смртни случаи.

За среќа Дороти успеа да излезе од домот и само неколку недели подоцна одлучи да си ја исполни животната желба. 103-годишната старица одлучи да си направи тетоважа.

„Беше прилично возбудливо затоа што пред неколку години внук ми сакаше да ме убеди да си направам една и јас не сакав. Одеднаш решив дека би сакала да имам. И ако можев сакав жаба. Затоа што јас сакам жаби.“, вели Дороти.

Таа го посетила A.W.O.L. Custom Tattooing и ја направила малата тетоважа, а болката ја издржала „како шампион“. Реј Рајсон кој ја тетовирал вели дека Дороти е најстарата личност на која работел и вели дека жената воопшто не „трепнала“. Исто така откако се истетовирала Дороти си исполнила уште една желба, да се вози на мотор.