Оваа 16-годишна девојка е заробена во тело на 80-годишна жена и ѝ се потребни нови колена

Една тинејџерка која сонувала да биде професионална танчерка, сега не е во можност да оди откако ретка состојба ја остави „заробена“ во тело еквивалентно на 80-годишна жена.

16-годишната Либи Смит има малолетнички идиопатски артритис состојба која предизвикува воспаление на зглобовите и ја „јаде“ ‘рскавицата, правејќи ги секојдневните задачи како што се одење, сечење храна и четкање на косата невозможни.

Средношколката се наоѓа во толку постојана, агонизирачка болка, како резултат на состојбата што таа дури земала во предвид да ѝ извршат трансплантација на коскена срцевина за да го „ресетира“ нејзиниот имунолошки систем, но на крајот одлучила да не го стори тоа заради ризиците поврзани со постапката.

Либи ја добила катастрофалната дијагноза во 2011 година, кога имала само пет години, откако се пожалила на болки во нозете. Нејзиниот татко, 45-годишниот Адријан Смит, инсистирал на тоа да ја однесе во одделот А и Е на болницата во Понтефракт, кога на десната нога не ѝ се зголемувала тежината.

После една недела тестови на Либи ѝ била дијагностицирана болеста, а на Дајан и на Адријан им било кажано дека тоа е детска состојба и дека ќе ја снема во тинејџерските денови. Но, болеста не само што ја снемало туку и се влошила со што на девојчето ѝ била потребна операција на фузија на глуждот на десното стапало и да има вграден држач за нозе. Таа сега исто така има потреба од замена на нејзините две колена.

„Се чувствувам како да сум заробена во телото на постара личност, се чувствувам како да сум во дупка од која не можам да излезам. Јас чекам операции за да ми го олеснат животот кои повеќе се поврзуваат со бабите и дедовците – луѓето во нивните 70-ти и 80-ти – наместо мојата возраст. Јас сум вознемирена цело време и се борам да спијам ноќе. Чувствувам постојани болки и само сакам да се направи операцијата.“, вели Либи.

Девојчето исто така повеќе не оди на училиште поради големите болки и е загрижена за својот просек затоа што сакала да се запише на факултет. Нејзините родители велат дека се спремни да направат сѐ за да најдат третман кој ќе ѝ помогне на Либи да има нормален живот.