Оваа баба наполни над 500 кутии за чевли со новогодишни подароци за сиромашните

Хуманоста не познава пол, возраст, социјален статус и слично, ако не верувате прашајте ја оваа 80-годишна баба.

Фран Кларк почнала да прави кутии со новогодишни подароци пред 4 години и оваа година решила да се надмине себе и да прави повеќе од 1 кутија на ден и направила 500 кутии.

Пензионерката од Хенгров, Бристол, секој ден мотала новогодишни подароци во една кутија за чевли, вклучувајќи сапун, четки за заби, карти, домино, облека и сл. Таа работите ги добивала од хумани организации или пак ги купувала во посебни продавници за таква намена.

За бабата велат дека е вистинскиот Дедо Мраз бидејќи носи среќа на оние на која им е најпотребна. Фран се решила за оваа хоби откако пред 4 години се преселила во дом за стари лица и видела флаер од црквата каде што била образложена оваа идеја и се барале доброволци.

Фан прави кутии и за возрасни и за деца, додека за децата се исполнети со играчки и слатки. Секоја кутија чини околу 7 евра и Фран сама го финансира најголемиот дел од проектот. Локална продавница за чевли ѝ помага така што ѝ подарува по 15 кутии неделно.

Пензионерката вели дека оваа работа ја исполнува и прави да се чувствува помалку осамено. Откако ќе поминат новогодишните празници таа пак од јанураи ќе почне да си работи на својот проект.