Оваа банана се продаде за неверојатни 6,2 милиони долари на аукција во Њујорк – а ние направивме реплика за 55 денари. Изгледа исто како оригиналот и се прави за минута!

Делото „Комичар“ на Маурицио Кателан се продаде за неверојатни 6,2 милиони долари на аукција во Сотеби во Њујорк Крипто-претприемачот Џастин Сан го купи контроверзното дело, кое се состои од вистинска банана залепена на ѕид со изолир трака, во среда вечер на настан каде што беа понудени и дела од Рој Лихтенштајн, Џаспер Џонс и Џеф Кунс.

Меѓутоа, ние ја пресоздадовме за 55 денари, 15 денари банана и 40 денари изолир. Репликата се составува за помалку од една минута и, како што покажуваат фотографиите, изгледа речиси исто како оригиналот. Сепак, она што среќниот сопственик го добива, а ние не, е „сертификат за автентичност“, кој му дава „дозвола и овластување“ да го репродуцира делото. Значи ако не сте го купиле не смеете да залепите банана на ѕид! Затоа не кажувајте дека ние го направивме тоа!

 

 

„Секогаш сум велел, колку и да ја сакам уметноста и сметам дека е важна, тоа е најапсурдната работа каде сериозни суми пари се разменуваат, а ова дело е дефинитивно доказ за тоа,“ изјавил Ралф Делука, советник за уметност кој соработувал со Леонардо ДиКаприо и Силвестер Сталоне.

 

Сепак, Делука верува дека „Комичар“ може да биде добра зделка бидејќи е повеќе идеја отколку објект.

„Некои луѓе ова дело го сметаат за ‘Фонтана’ на Марсел Дишан во 21 век,“ вели Делука, алудирајќи на познатиот писоар кој се продаде за 1,7 милиони долари во 1999 година.

„Како некој може да го нарече преценето?“

 

Од кога беше претставено на Арт Базел во Мајами во 2019 година, „Комичар“ предизвика дискусии за тоа што е уметност и каква вредност придаваме на нештата.

„Маурицио Кателан со ‘Комичар’ стана еден од најспоменуваните уметници на современата сцена,“ изјавил Дејвид Галперин од Сотеби.

Кога првпат беше изложено, делото привлече внимание ширум светот, а на настанот во Мајами, изведувачот Дејвид Датуна ја изеде бананата од ѕидот како дел од неговата перформанс-уметност насловена „Гладен уметник.“

 

 

Кателан очигледно не сакал неговото дело да се сфати премногу сериозно, бидејќи и самиот го нарекол „Комичар“. Но, според професорката Клое Купер Џонс од Универзитетот Колумбија, ова дело носи подлабока порака.

„Бананата е симбол што ја претставува историјата на империјализмот, експлоатацијата на трудот и корпоративната моќ,“ изјавила Џонс.

Според неа, ако „Комичар“ има за цел да не натера да размислуваме за нашата морална вмешаност во производството на секојдневни објекти, тогаш тоа може да биде корисен инструмент.

Кателан, кого го опишуваат како „еден од најголемите провокатори во современата уметност,“ претходно стана познат по своето дело „Америка“ — функционален златен тоалет.

 

Крипто-претприемачот Џастин Сан

Во меѓувреме, на истата аукција беше продадена слика од серијата „Водени лилјани“ на Клод Моне за 65,5 милиони долари.

„Ниту едно значајно уметничко дело во историјата не поминало без да предизвика непријатност кога било првпат претставено,“ истакнал Галперин, споредувајќи го Кателановото дело со револуционерната импресионистичка уметност.

Па ајде да се одлучиме што да залепиме ние на ѕид со изолир трака.

 

  • Никола33 напиша:

    Не ме фаќа завист зашто некој грми од пари!
    Него мучи ме питање, како може вакви џукелчиња со бананчето, да бидат посрани од пари.
    Газот да си го брише со пари полесно ќе сватам отколку бананата бе луѓе!

  • Никола33 напиша:

    П.С. Маму му главату!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *