Оваа цена ќе ве шокира – татко на три деца открива колку платил за еден ден со семејството во Дизни

Крег Стоуел, татко на три деца од Флорида, откри колку всушност чини „најсреќното место на земјата“. Тој потроши речиси 1.400 долари за еден ден во Дизни Ворлд со семејството – и тоа без да избира луксузни опции.

Во видеото што го објави, Стоуел детално го прикажува трошокот:

🎟 Билети (со попуст за жители на Флорида): $974

🚗 Паркинг: $30

🍿 Закуски и пијалоци: $145.64

🍽 Вечера: $245.27

 

Тие дури одбиле и Lightning Pass (брз пристап до атракции) кој чини $35 по лице – затоа што им дозволува само три прескокнувања на ред.

„Кога ќе пресметаш цена по возење, едноставно не вреди,“ изјави Стоуел. Тој смета дека Дизни не ги сака еднодневните посетители, туку оние што доаѓаат на подолги, скапи одмори.

Според „Wall Street Journal“, цените во Дизни речиси се удвоиле во последниве 5 години, а посетеноста опаѓа.