Оваа девојка дала отказ и раскинала со момчето за да патува со кучето во комбе
Повеќето од нас понекогаш сонуваат да се откажат од нашите стари животи, да ги следат своите соништа и своите страсти и да одат во епска авантура што ќе им ги промени животите. Па, Сиднеј Ферберче е совршен пример дека ова не е само убава замисла туку и дека може да се постигне доколку цврсто се решиме за тоа.
24-годишната девојка сега патува низ цела Америка со своето куче Ела, откако раскинала со своето момче. Таа дала отказ од својата стара работа и сега работи со полно работно време преку својот лаптоп. Сиднеј е вистинска инспирација за сите потенцијални авантуристи низ светот и не е изненадување што нејзината приказна стана вирална бидејќи ги привлече срцата на многу интернет корисници.
Сиднеј работела на 3 работни места и некои хонорарни работи за да си го купи комбето и таа открива дека користи камера со статив за да прави фотографии од неа и нејзиното куче. Еве како изгледаат авантурите на Сиднеј и Ела низ Америка: