Оваа девојка негогаш изгледала „обично“ и работела во кујна, а сега заработува стотици долари со „новото лице“
Сем Греам која има повеќе од 430.000 следбеници на Инстаграм имала проблеми во детството па дури и денес се бори со депресија, анксиозност и нарушување на косата што се нарекува трихотиломанија.
20-годишната девојка вели дека на училиште никогаш не била „убавата девојка“ или „девојката која сите момчиња ја сакаат“, но таа сега заработува илјадници долари преку својот профил на OnlyFans каде што „модели“ објавуваат експлицитна содржина.
На седумгодишна возраст, Сем била вклучена во сообраќајна несреќа во која нејзината мајка го скршила грбот само неколку недели откако ја родила нејзината сестра. Оттука работите тргнале во лош правец бидејќи мајка ѝ станала зависна од опиоидите и алкохолот.
„Татко ми започна со дрога, пиење, коцкање и неверство. Имаше многу злоупотреби вербално, ментално, физички и емоционално со години, особено од мојата мајка во тоа време. Се молев дека ќе остане во [нејзината] соба и никогаш нема да излезе.“, вели девојката.
Откако таа, нејзината сестра и мајка се преселиле затоа што татко ѝ сатанал премногу насилен, Сем одлучила да замине и да живее во својот автомобил додека сѐ уште оди на училиште. Таа била одличен ученик иако ситуацијата дома не ѝ била баш најдобра. Таа вели дека останувала колку што е можно на училиште за да не треба да се врати дома или во автомобилот.
На 19 години одлучила да направи профил на страната за возрасни и одеднаш „кариерата“ почнала да ѝ носи пари. Сега Сем заразбптува илјадници долари, оди на факултет и наскоро планира да си купи куќа. Таа вели дека редовно се гледа со својата сестра и мајка, која полека се опоравува.