Оваа девојка прави прекрасни цртежи, но за тоа одбрала необичен начин

Александра Грубнова, 24-годишна уметница од Ростов-Дон, Русија има талент за цртање. Таа како и скоро секој уметник за своите дела ги користи рацете, но има и уште еден посебен талент кој ја прави различна од другите. Александра ја усовршува својата техника на цртање со стапалата.

Нејзините цртежи се состојат од голем број портрети и лица скицирани во уникатно неуреден стил кој исто така совршено ја прикажува суштината на ликот. Таа ги користи и двете нозе наизменично и целта ѝ е да постигне совршенство.