Оваа девојка страда од витилиго, но ги надминува своите проблеми благодарение на теретаната

Прифаќањето на вашето тело е често многу долго и предизвикувачко патување. Буквално секој има нешто од што е незадоволен – затоа, прифаќањето на сопствената слика е доблест сама по себе. Секој има проблеми со сликата на телото, но не секој бил успешен во решавањето на истите. Антонија Ливерс од САД, не е исклучок од овие проблеми. Исклучок е, сепак, како се справила со тоа и како го нашла својот пат и издржала.

Антонија започнала да развива бели дамки на очните капаци кога имала само 14 години, возраст кога скоро сите стануваат чувствителни на тоа како изгледаат.

Набрзо била дијагностицирана со витилиго, состојба на кожата што предизвикува недостаток на меланин во кожата, формирајќи бели дамки. Со текот на времето, дамките се зголемувале и почнале да се појавуваат насекаде низ телото.

Нормално, Антонија била многу разочарана кога ја добила дијагнозата и вели дека плачела со часови и работела многу напорно да ја сокрие од другите и самата себе.

Сепак 27-годишната Антонија развила страст кон вежбањето и ова и помогнало повторно да се вљуби во своето тело. Таа вели дека си ја има вратено самодовербата и сега ужива во сопственото тело.