Оваа држава смисли одличен начин како да ги казни малолетните деликвенти, кои сакаат да се прават „фраери“ на социјалните мрежи

Тинејџери, деликвенти, станаа „популарна“ работа во Австралија. Сѐ повеќе и повеќе малолетници извршуваат криминални дејствија со цел да ги објавуваат на социјалните мрежи, особено Тик Ток, за да станат „познати“.

Тинејџерите, кои често се нарекуваат „eshays“, правеа видеа на TikTok како возат украдени автомобили и ограбуваат имоти во регионот Кимберли во Западна Австралија. Планот е овие тинејџери да ја отслужуваат својата казна на оддалечен имот каде што не само што нема пристап до интернет, туку воопшто нема мрежа и е сосема далеку од цивилизацијата.

Алана МекТирнан, министер за регионален развој на WA’a рече дека станицата Мајруда во сопственост на домородните луѓе ќе стане алтернатива на малолетничкиот притвор во Банксија Хил.

Користењето на станицата, која е 267 километри оддалечена од најголемиот град во областа, Брум, е дел од одговорот на владата на Западна Австралија на зголемениот тинејџерски криминал на крајниот северозапад од државата.

„Станицата Мајруда е оддалечена без лесна опција за влегување во градот, место за ресетирање на размислувањето и наоѓање алтернативни патишта кои не водат кон криминалот и нередот.“, изјави г-ѓа МекТирнан за The Australian.

Поради ова, државата се консултираше со домородните заедници во Кимберли за поставување „објект на земјата што ќе им помогне на децата да се извлечат од хаосот во нивната нормална средина“.

Домородните заедници, кои бараат поголема помош за да ги оддалечат децата од криминалот, се согласија дека Мајруда е погоден за момчиња на возраст од 14 до 17 години кои се осудени или на притвор.

Момчињата ќе научат да ги хранат и управуваат животните на имотот на кој има околу 19.000 говеда. Проектот ќе биде управуван од заедницата и надгледуван од независен одбор и претседавач договорени од домородната заедница и државната влада.

Г-ѓа МекТирнан рече дека програмите ќе бидат „вистинската комбинација на дисциплина, ред и инспирација за младите луѓе. Она што треба да направиме е да се обидеме да најдеме начин да го прекинеме овој навистина ескалирачки круг на дисфункционалност. Социјалните медиуми апсолутно придонесоа.“

Таа рече дека младите луѓе се вовлекуваат во „сосема поинаква култура која ги охрабрува децата да бидат срам за општеството.“