Оваа фотографија од пингвини како се гушкаат со поглед кон Мелбурн е избрана за најдобра за 2020, а причината е трогателната приказна позади неа

Фотографија на која двајца пингвини се гушкаат додека ги гледаат прекрасните светла на хоризонтот во Мелбурн е добитник на меѓународна награда откако фотографот откри дека зад истата стои трогателната приказна за една загуба.

Фотографијата на парот пингивини прегрнати на карпа додека ги гледаат градските светла пред нив, беше прогласена за победник на светскиот конкурс на т.н Океански награди, каде фотографите имаат за цел да фотографираат морски животни.

Баумгартнер раскажа како парот на пингвини всушност останале без нивните вистински партнерки и така поминувале долги часови тешејќи, споделувајќи ја нивната заедничка тага.

„Еден волонтер ми пријде и ми рече дека белиот пингвин е всушност  постара женка која го изгубила својот партнер, а истото му се случило на другиот пингвин, кој бил помлад мажјак. Оттогаш тие редовно се среќаваат, се се тешат едни со други и стојат заедно со часови гледајќи ги уникатните светла во градот.“  -вели Тобијас на Инстаграм.

Тој открива дека поминал три ноќи покрај колонија на пингвини се со цел да ја направи совршената фотографија.

„Помеѓу неможноста или дозволувањето да се користат какви било светла и малите пингвини кои постојано се движат, триејќи и чистејќи се едни со други, беше навистина тешко да се добие добра фотографија.“ – рече тој.

Неверојатната фотографија на Тобијас Баумгаертнер беше избрана за најдобра меѓу бројните атрактивни фотографии од поларни мечки, риби кои пливаат низ гребени, дури во конкуренцијата беа и фотографии од морски животни снимени во океанска пештера: