Оваа фризерка им прави бесплатни преобразби на бездомните жени
Социоекономските проблеми се чини дека се нешто универзално во целиот свет. Додека повеќето проблеми се локализирани, социјалните и економските проблеми ги надминуваат границите, без оглед колку е добра земјата. Еден од овие проблеми е бездомноста.
Всушност, тоа е толку голема работа што секоја земја во светот има статистика за ова прашање и има огромно движење бездомноста да стане минато.
Секој си има свои чекори да помогне да се намали бранот на бездомништвото и секој дел од тоа помага. Ширли Рајнс им помага на над 800 бездомници секоја сабота на Скит Роу, Лос Анџелес, обезбедувајќи им храна, туш, материјали за убавина и шминка.
Скид Роу е област во Лос Анџелес, Калифорнија која е дом на најголемото бездомно население до денес во Соединетите држави. Пријавено е дека над половина од целата област се бездомници.
Бидејќи пораснала во „маалото“ и откако изгубила дете, Рајнс решила да најде цел во животот. Така, излегла на улиците и почнала да ги храни бездомниците. Очигледно, испаднало дека се повеќе заинтеренсирани за нејзината боја на коса отколку храната што ја понудила. Наскоро таа стана „дама за шминка“ меѓу нејзините нови пријатели на кои им помагаше.
Рајнс тогаш основаше непрофитна организација наречена Beauty 2 The Streetz. Секоја недела, Рајнс и нејзиниот тим одат во Скит Роу со цел да ги „оживеат“ стотиците бездомници и да ја вратат нивната надеж во животот и самодовербата.
Непрофитната обезбедува храна, туширање, миење на косата и бојадисување, шминка, перики и што е најважно, човечка врска и чувство на припадност. Тие, исто така, ја шират свеста за епидемијата што ја презеде областа и постои низ целата земја со векови.