Оваа холандска мајка на 2 деца се развела од мажот и се омажила сама за себе, а има и добра причина за тоа
32-годишната мајка на две деца Шарлот Зум Верде Сив Вердинг откри дека се развела во 2020 година и основала организација за зајакнување на жените по разводот. Оваа иницијатива ѝ помогнала да ја сфати сопствената вредност и да стане сосема независна.
После лошото брачно искуство со таткото на нејзините 2 деца, Шарлот сфатила дека единствениот брак кој со сигурност може да трае до крајот на животот е бракот со самата себе. Така таа се решила на овој симболичен чин, со кој се покажува вербата на жената во самата себе и во својата независност.
И го направила тоа по сите правила и прописи…
Си купила прстен од бело злато со три скапоцени камења, кој ја симболизирал неа и нејзините две деца.
Свадбата ја направила дома и ги поканила само најблиските. Купила цвеќе, фустан, дијадема, свеќи, сама направила торта и ја поставила трпезата.
За време на церемонијата, невестата си дала завет:
„Ветувам дека ќе си бидам верна себе си, ќе го прифатам моето тело и мојата личност без оглед на желбите на другите.
Ветувам дека ќе продолжам да пробувам нови работи, дури и ако тоа ме плаши, за да можам да искусам нови работи и да се развивам.
Ветувам дека ќе останам независна од другите за да ја задржам самодовербата.
Ветувам дека ќе си дозволам да правам грешки и ќе си простувам.“
Пријателите и роднините ја поддржале Холанѓанката и со задоволство го поминале овој важен ден со неа. Жената заклучила дека и покрај тоа што се омажила за себе, бракот ѝ е од отворен тип, што значи дека е отворена за нови врски, но овој пат се согласува да биде само со личноста која ќе внесе уште повеќе радост и светлина во нејзиниот живот и ќе ја прифати таква каква што е.





