Оваа компанија ги заштитува луѓето од коронавирусот, но и ја спасува планетата од загадувањето

Две муви со еден удар! Ова е совршена изрека за една компанија од Англија. Staeger Clear е компанија која се занимава со производство на пластични кутии за храна и други производи.

Сепак по избувнувањето на пандемијата работата се намалила, но и од компанијата сакале да покажат иницијатива и општествена одговорност за да помогнат за време на пандемијата.

Наместо пластични кутии сега вработените во фабриката во Ковентри произведуваат визири за здравствените работници и ги доставуваат до болниците. Она што е исто така позитивно е тоа што визирите се целосно еколошки затоа што се произведуваат до рециклирани пластични шишиња кои што Британците ги оставаат во своите канти за рециклирање.

Отпадот се собира, сортира, уништува, се чисти и се претвора во ситна прашина пред да се направи нова пластика позната како ПЕТ. Секој ден се прават дури по 20.000 маски од почетокот на производството во вторникот, на 7-ми април. Целта е да се прават по 100.000 визири неделно и да им се помогне на медицинските работници да се борат против вирусот со соодветна опрема.