Оваа лепенка може да ги согори маснотии во телото без вежбање и науката го потврдува тоа
Кога диетата и вежбањето не се доволни, луѓето честопати размислуваат надвор од кутијата за да го забрзаат губењето на тежината и да се погрижат за здравјето на телото.
Дури сега, научниците од Сингапур тврдат дека создале нов уред за да им помогнат на луѓето безбедно да изгубат тежина и тој работи со директно насочување на маснотиите во телото.
Новата лепенка, за која се вели дека е лесна за примена како фластер и може да помогне во промовирање на губење на тежината без вежбање, ја измислиле професорот Чен Пенг и доцентот Ксу Ченџи од технолошкиот универзитет Нанјанг во Факултетот за хемиски и биомедицински инженеринг во Сингапур .
Проблем со многу производи за слабеење е што тие ја таргетираат тежината на водата, а не чистата телесна маст, која исто така лесно се надополнува. Меѓутоа, оваа лепенка, директно, цели кон маснотиите во телото. Користејќи микроигли, се вели дека уредот вметнува лекови во организмот што ќе помогнат да се претворат белите масни клетки, кои телото ги складира, во кафеави масни клетки, кои телото ги гори за да произведе топлина. Во минатото, луѓето исто така користеле криотерапија или замрзнување, за да постигнат сличен ефект.
Досега лепенката била тестирана на глувци и имла добри резултати. Не само што ја промовирала преобразбата на бели масти во кафеави, туку се покажало дека и дебелите глувци престанале да добиваат тежина и телесни масти.
Според Чен, не само што би било полесно да се користи, туку лепенката користи дури и помалку состојки од другите слични третмани, со што се намалуваат и трошоците за производство и можните несакани ефекти со кои ќе се соочат пациентите.