Оваа луксузна подземна скривница од 1970 изгледа како временска капсула и чини 18 милиони долари

Периодот на Студената војна беше интензивен. Многумина живееја во страв од приближување на војната и статистиката кажува дека до 1960 година скоро 70% од американските возрасни сметале дека претстои нуклеарна војна. До средината на 1960-тите години, биле изградени околу 200.000 засолништа – но тоа е само груба проценка. Тешко е да се знаат точните броеви, бидејќи „луѓето не зборувале“.

Луѓето освен што правеле скривници и бункери сакале истите да им бидат удобни па ги уредувале, луксузно, секако оние кои можеле да си го дозволат тоа. Еден таков љубител на приградската екстраваганција бил и Жирард Б.Хендерсон – претприемач кој го оствари своето богатство преку неколку компании, вклучувајќи козметика Авон и Аероспејс Корп. Ова екстравагантно подземно засолниште во Лас Вегас е ставено на аукција за почетна цена од 18 милиони долари.