Оваа мало детенце е жолто, но секогаш насмеано и покрај злобните коментари од луѓето
Едногодишно момче со ретка генетска состојба поради која кожата му пожолтува веќе е на мета на злобни коментари од идиоти. Состојбата на Логан, синдром Алагил, значи дека неговиот црн дроб не функционира правилно и не е во состојба да ја процесира жолчката во неговото тело.
Жолчката потоа се апсорбира во неговата кожа, што предизвикува неговата кожа да има жолта нијанса.
Суровите тролови го споредуваат со Минион, а неговите родители, 25-годишната Џема Чанинг и 27-годишниот Лојд Веб, велат дека не сакаат да го шетаат многу надвор токму поради ваквите коментари. Покрај тоа што има жолта нијанса, Логан се бори и со проблеми со кожата, поточно со чувство на горење и чешање.
Како резултат на дефекти на срцето и црниот дроб, тој не може правилно да апсорбира храна и е со големина на шестмесечно дете иако има една година. Синдромот на Логан, Алагил, исто така, значи дека неговиот пршлен е погрешно формиран, оставајќи го во постојана болка и непријатност. Како резултат на тоа Џема и Лојд треба да му даваат на својот син дневна доза од 10 различни лекови.
Насмевката на младото момче го инспирира парот да продолжи да се бори со сите потешкотии. Поради сировите коментари од непознати луѓе Логан се плаши од секој кој не го познава.
Тие велат дека скоро никогаш не можат да излезат и да имаат нормален ден со семејството затоа што луѓето постојано поставуваат прашања, упатуваат чудни погледи и невкусни шеги.