Оваа мечка супер-мајка до сега родила вкупно 17 мечиња, а неодамна роди четворка, што е вистинска реткост

Во недопрените делови на националниот парк Гранд Тетон, Вајоминг, САД, живее 24-годишната мечка Гризли 399. Раѓањето четворка е исклучително ретко кај мечките, кои обично имаат по две или три мечиња. За време на својот долг живот, мечката родила 17 младенчиња. Ова е многу значајно затоа што кафеавите мечки веќе одамна живеат само во заштитените национални паркови, а се истребени од другите шуми. Гризли 399 е најпознатата кафеава мечка во светот и дури има свои профили на Фејсбук, Инстаграм и Твитер.