Оваа млада девојка живее со ретка состојба која ѝ предизвикува „породилни болки“

Шинат глужд предизвика оваа девојка да доживее болка која лекарите ја изедначуваат со породилни болки.

Бидејќи како мала сакала да се занимава со спорт Моана Руфас била навикната на повреди, но по навидум невината повреда на час по атлетика кога имала 11 години никогаш не „зараснала“.

Болките на Моана само се влошиле и на крајот се прошириле на ногата, колковите и рамото; оставајќи ја во измачувачка агонија што може да се активира од најмал ветер кој ќе го допре нејзиното тело. Во 2013 година таа била дијагностицирана со Хроничен регионален синдром на болка (CRPS), невролошка дефект на централниот нервен систем што резултира во горење, прободување и мачна болка.

И на само 16-годишна возраст, Моана живее во постојана агонија скоро половина од својот живот од состојбата која е наречена „самоубиствена болест“ бидејќи 40 проценти од страдалците си ги одземаат сопствените животи. Таа редовно боледува од епилептични напади кои можат да траат три и пол часа и ја опишува болката од нејзината загрозувачка болест како чувство на „вечно горење“.

Болката во Моана може да стане толку сериозна што многу ноќи таа се потпира на таблети за спиење за да може да заспие и земала големи дози на морфиум уште кога била дете. Кога состојбата на Моана се влошила таа завршила и во инвалидска количка.

Таа успеала повторно да застане на нозе, но болката не престанува. Кога ќе доживее напад, периодот за опоравување е е 3-4 дена. Кога болката е преголема Моана вели дека не може ниту да се покрие бидејќи и најмалиот притисок и предизвикува огромна болка.