Оваа невеста даде ново значење на „подарок само во плик“

Свадбите можат да бидат неверојатно скапи, и не е невообичаено паровите да бараат финансиска поддршка или подароци што помагаат да се плати за пригодата. И покрај оваа вообичаена практика, некои го обвинија методот на оваа невеста велејќи дека е невкусен.

На Редит беше споделена фотографија од автомобил на кој е испишана PayPal сметката на невестата која бара финансиска поддршка од непознати за да ја финансира својата свадба.

Голем дел од Редит корисниците ја осудија оваа постапка велејќи дека е „невкусна и дека никој не е должен да плаќа за свадба на непознат“. Од друга страна некои од косирниците ја поддржаа иницијативата.

Не е познато дали невестата заработила доволно пари за нејзиниот „голем ден“.