Оваа „невина“ мачка предизвикала штета од 40.000 долари откако го уништила семејниот дом

Сите знаеме дека мачките понекогаш можат да бидат непослушни, да ви ги уништат завесите, креветот, фустанот, но никој не се надева дека нивното сакано домашно милениче може да ги оштети за 40.000 долари.

Епа не се надевале ниту овие сопственици на симпатичната мачка Ева.

Додека Амбер и Џо Фаузер спиеле тие верувале дека и нивната едногодишна мачка Ева го прави истото во просторијата за перење алишта. Меѓутоа кога 25-годишниот Џо се разбудил во 6 часот наутро за да оди на работа како чувар, долу го чекал огромен базен со вода, кој го прекривал целиот спрат на куќата во Аделаида, Јужна Австралија.

Џо и Амбер тргнале да ја бараат мачката, а Ева смиерено си седела на машината за перење која ја пуштила на максимум и водата ги наполнила просториите.

Откако решиле да ја поправат штетата сфатиле што всушност направила Ева. Сите поправки ги чинеле скоро 40.000 долари. Сега парот има инсталирано брави за бебиња низ нивната куќа за да ја спречат нивната непослушна мачка да направи какви било идни штети.