Оваа симпатична кинеска невеста од својот татко добила необичен но многу вреден мираз
Кога една девојка не стапи во брак долго време, родителите почнуваат да се грижат и да бараат зет за својата ќерка. Но овој кинески татко отишол еден чекор подалеку во мисијата да се осигура дека неговата ќерка ќе се омаажи. Тој собрал за својата сакана и осамена ќерка таков мираз од кој секој младоженец ќе остане без зборови.
Ако живеел пред 100-тина години, ергените ќе се лепеле за ќерка му, но во денешно време, миразот на таткото од внимавајте сега 300 СВИЊИ изгледа смешно.
Одгледувањето свињи им е семеен бизнис, па таткото решил 1/3 од своите 1000 свињи да му ги подари на идниот зет. Финансиски гледано, тоа и не е така мала помош за едно ново семејство.