Оваа „тајна агентка“ од Русија била отпуштена од работа откако позирала за Плејбој
Руска државна службеничка сега е бездомничка и без работа откако ја отпуштиле затоа што позирала разголена за списанието Плејбој. Ана Ануфриева порано работела за „тајна државна служба“.
Сепак откако испратила разголени фотографии од себе со надеж да бидат објавени во годишниот календар на Плејбој нејзиниот живот се претвори во пекол.
27-годишната девојка првин била отпуштена од работа и бидејќи тоа не било доволно нејзиниот татко се откажал од неа затоа што станала „срам за државата“. Девојката повеќе не можела да ги плаќа месечните сметки и морала да го продаде станот бидејќи не можела да постигне со ратите за хипотека.
Ана, од нафтениот „главен град“ Тајмен во Сибир, вели дека луѓето се однесуваат кон неа како да извршила злосторство. Ана вели: „Немам каде да живеам. Нема работа, немам момче, немам стан. Тоа е како да сум сторила кривично дело. Татко ми престана да комуницира со мене, тврдејќи дека го покажав срамот пред целата земја. Никој не сака да ме вработи, и посакувам да појаснат дека тоа е заради скандалот. Но, измислуваат десетици причини.“
По нејзиното разрешување и последователниот кошмар, Ана изјавува дека треба да им се дозволи на сите државни службеници да позираат голи. „Зошто само на модели, актерки, фитнес тренери и блогери им е дозволено да ги откриваат телата?“, прашува таа.
Иако фотографиите на Ана не завршија во првите 10 на Плејбој, таа вели дека не жали што го направила тоа. И покрај губењето на тежината и стресот, таа вели дека сето тоа вреди. Што мислите вие, дали е ова е премногу сурова казна за девојката?