Оваа тетовирана мајка на 2 деца се видела себе си без тетоважи и се згрозила
23-годишната мајка на две деца, Ејми Смит, се заинтересирала за тетоважите уште на десет години, а првиот цртеж на своето тело го направила три години подоцна. Таа моментално има над 40 тетоважи.
Мајката направила експеримент, ги покрила тетоважите со густа шминка, за да види како би изгледала без нив.
„Се обидов да не плачам. За некои ова е само шминка, но мене ми се гади што се гледам себеси така. Бев толку непријатно изненадена, како да видов странец во одразот на огледалото“, ги сподели таа своите впечатоци.
Според Ејми, во тој момент сфатила дека тетоважите се дел од нејзиниот живот.
„Живеам во мал град, а сите жители ме знаат само поради мојот изглед. После овој експеримент, сфатив дека ми е удобно во моето сегашно тело“, рече Британката и додаде дека планира да направи уште повеќе тетоважи.