Оваа жена има направено повеќе од 1.275 лазањи, за луѓето на кои биле најпотребни

Мишел Бренер, 45, од Гиг Харбор, не сакала да седи со скрстени раце за време на пандемијата. Таа се вработила како личен купувач на Инстакарт, помагајќи да се испорачаат намирници на оние кои имаат потреба од локалното подрачје.

Од врата до врата, една нарачка станувала почеста: замрзната лазања. Потоа, кога еден маж во деведесеттите години ѝ кажал дека не јадел свежа храна повеќе од 50 дена, Мишел морала да преземе акција. Таа го пронашла стариот рецепт за лазања на својата баба и почнала со готвење.

Мишел се шегува дека има „проблем со замрзната храна воопшто… плус, јас сум Италијанка“. Сепак, кога дознала за недостаток на свежа храна, „нешто предизвика во мене дека треба да направам повеќе“. Откако пишала во нејзината локална група на Фејсбук да понуди домашни лазањи, луѓето почнале да се пријавуваат.

Откако го искористила чекот од државата од 1.200 долари на подготовка на оваа храна, операцијата за лазања на Мишел се искачи над сите очекувања. Таа сето ова го правела бесплатно и од првите 130 испорачани лазањи бројката лесно се искачила на 1.275 тави.

„Малото патување започна со мене во првиот момент, испорачувајќи лазања, затоа што луѓето многу се плашеа да излезат во тоа време. И како растеше, ставив штанд до дворот и ако знам дека некој доаѓа оставав лазања и ќе ја добијат без да ни се вкрстат патиштата. На самиот почеток готвев околу 14 часа на ден. Баба ми сакаше да биде во кујната и нејзината љубов кон храната беше иста како и мојата. Веќе 90 дена по ред сум во кујна и никогаш не сум се чувствувала дека толку сум на свое место, или уморна како на работа, затоа што имам љубов и страст.“, објаснува Мишел.

Одговорот во заедницата бил неверојатен. Првин, клубот Sportsgans Gig Harbour ѝ дозволи на Мишел да ја користи нивната комерцијална кујна. Потоа дојдоа донаторите. Откако собрала 5.000 американски долари, си поставила цел да направи 1000 лазањи.

Таа ги виде „сите сфери на животот“ во нејзината мисија со лазања, од исцрпени работници од првите редови, до тажни семејства кои ги загубиле најблиските од коронавирусот. „Сум видела повеќе од тажните приказни – но гледам дека луѓето сакаат да ги поддржуваат луѓето во тие периоди на потреба“, рече таа.