Оваа жена „јасновидец“ тврди дека има уникатна врска со кралот на поп музиката

Мајкл Џексон им недостига на милиони обожаватели ширум светот, но една жена се потруди да го „одржува  жив“ духот на кралот на поп музиката.

Кетлин Робертс, само-прогласен јасновидец, тврди дека е мажена за духот Џексон и нејзината приказна за нивната врска има повеќе од неколку пресврти.

Во објава на блог, Робертс тврди дека е „опседната“ од духот на Џексон, кој почина во 2009 година на возраст од 50 години. Според неа, двојката е неразделна, а Џексон ја придружува дури и во бањата.

„Тој е опседнат со мене и ужива да живее низ мене и да комуницира со мене како сопруг“, напиша таа во објавата, велејќи дека покојната sвезда ужива да ја користи за да танцува и пее.

„Неговото семејство знае за мене и за ова што се случува, бидејќи јас ги контактирав и им кажав“, напиша Робертс, додавајќи: „Се чувствувам посебно што ме избра за жена (иако не на хартија ) Ние ја третираме нашата врска како да сме во брак. Имаме подеми и падови, но едноставно не можам да престанам да го сакам “.