Оваа жена споделува трик како да спуштите слушалка некому без тоа да изгледа грубо
Дали некогаш сте биле заглавени на телефон, посакувајќи да заврши повикот? Па, оваа интернет ѕвезда сподели „генијален“ начин да се спушти слушалката без тоа да изгледа грубо.
Woah Vicky – вистинско име Викторија Роуз Валдрип – неодамна се појави на популарно шоу на YouTube. За време на шоуто, Викторија доби повик и се размисли дали да одговори.

Како и да е, наскоро откако рече: „Еј што има“, таа го заврши повикот – но не на начинот на кој обично очекувате.
Сè уште не е сосема јасно кој и се јави, но таа брзо го прекина повикот со притискање на копчето „Режим на авион„ на нејзиниот iPhone.
Зошто ова е особено добар начин да се спушти слушалката? Па, ако го прекинете повикот како што обично го правите, ќе стои напис „Повикот заврши“. Но, ако притиснете „Режим на авион“, ќе стои „Повикот не успеа“, како да снемало мрежа или се изгубил сигналот. Ако е FaceTime, ќе каже дека повикот повторно се поврзува пред да се исклучи.
Водителите потоа и рекоа дека треба да го стави на „ТикТок“ и не е изненадување што веќе има 11,4 милиони прегледи на емисијата, со илјадници коментари од луѓе кои ветија дека ќе го искористат нејзиниот трик.
Следуваа и коментари од типот:
„Таа е всушност генијалец.“
„Ова го користам секогаш кога ќе ми здосади повик“
„Не ми се верува дека имаше храброст да ја открие тајната пред милиони“.
