Оваа жена вели дека го фатила на камера духот на нејзиниот татко, кој дошол во посета

Ќерка верува дека го забележала духот на нејзиниот покоен татко, на видео кое можете да го видите подолу, кој дошол да ја посети неа и нејзината мајка која што е на смртна постела. 75-годишната мајка на Норма Вила, Тереза, има рак во крајна фаза и живее со својата ќерка во последните два месеци. Сепак, тие дискутирале дали да се стави Тереза во хоспис откако се влошило нејзиното здравје.

Емотивниот разговор ја поттикнал Норма да „одвои момент“ во друга просторија, каде што таа вели дека започнала да разговара со нејзиниот покоен татко Леандро, кој починал пред 10 години. „На мајка ми и беше дијагностициран карцином во септември и и дадоа помалку од шест месеци живот – таа веќе беше на половина пат. Таа вечер таа беше навистина болна и веќе зборувавме за хоспис бидејќи веќе не беше во можност да оди. Отидов во мојата соба. Сакав да се исклучам од се и да разговарам со мојот татко.“, вели Норма.

Додека била во соседната спална соба, мајката на три, вели дека добила известување на нејзиниот телефон, предупредувајќи ја дека безбедносните камери забележале движење на нејзниниот трем. Кога отишла да ги провери снимките, да види кој е таму, забележала како „сенишна фигура“ се симнува и седнува на лулашката на тремот каде Леандро седел и уживал во цигара, пред да почине.

„Верувам дека ова може да биде духот на татко ми. Првото нешто што ми падна на ум беше татко ми – веднаш знаев дека е тој.“, вели Норма. За жал нејзината мајка Тереза починала, но Норма вели дека видеото ѝ дава спокој дека е на подобро место.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.