Оваа жена е навредена откако ја избришале од апликација затоа што „премногу е добра за да е вистинска“

21-годишна девојка вели дека добила забрана од Тиндер затоа што е „премногу добра за да биде вистинска“. Лора Мунди добила совет од пријателите да си ја инсталира апликацијата Тиндер со андеж дека ќе си најде момче.

Како и да е, администраторот за човечки ресурси од Лидс беше изненаден кога откри дека е блокирана поради „активност што ги крши условите за користење“.

Поради низата фотографии со и без филтери момците помислиле дека станува за лажен профил и ја пријавувале. „Имав толку многу пораки кои велеа дека сум лажен профил и не размислував за тоа, но колку повеќе пораки добив, почнав да се вознемирувам. Порано примав пораки кои велеа дека сум лажен профил или користам фотографии на модел.

Лора вели дека пратила безброј пораки до Тиндер за да си ја поправат грешката, но не добила одговор. Девојката вели дека не е таа виновна што е „премногу добра за да биде вистинска“. Да бидеме искрени, фотографиите навистина делуваат „малку“ изменети, ама кој знае, можеби Лора наскоро повторно ќе се најде на апликацијата.