Оваа жена ги зголемува усните за да ги добие „најголемите во светот“

Една 22-годишна жена има ставено вкупно 17 инекции во усните за да ги добие најголемите усни во светот и сѐ уште не завршила со „работата“.

Андреа Иванова, од Бугарија, ја започна својата трансформација минатата година и претрпе неверојатни 15 инјекции на усни со хијалуронска киселина пред септември оваа година.

Оттогаш таа има направено уште две процедури, проширувајќи ги усните четири пати повеќе од нивната оригинална големина, но сепак планира да помине низ уште една процедура до крајот на оваа година за да може да влезе во новата деценија со усни поголеми од кога било досега.

22-годишната верува дека изгледа „поубава“ со поголеми усни и има посетено бројни клиники во обид да ги добие „совршените усни“.

„Ми се допаѓаат усните сега повеќе од порано. Се чувствувам многу добро и многу среќна со своите нови усни, затоа што според мене со поголеми усни изгледам поубаво. Ги посетив скоро сите клиники за естетски процедури во Софија и ги ставив скоро сите видови на филери за усни [во моите усни].“, објаснува Андреа.

Студентката, која студира германска филологија на универзитетот во Софија, призна дека не водела сметка за количината на пари што ги потрошила додека се обидувала да ја постигне својата цел, но со секој третман кој чини просечно околу 200 евра.